Зошто е важно правилното дишење?(особено во ситуација на стрес)

Дишењето е основна биолошка функција на човекот и сите живи суштества. Ако нема дишење животот престанува. Дишењето е различно во различна емоционална состојба во која се наоѓаме. Од длабоко, кога се наоѓаме во мирна, спокојна состојба, до плитко и брзо во состојба на зголемена емоционалност, особено при бес, гнев, радост, вознемиреност, анксиозност итн. Ова значи дека од мирна балансирана состојба организмот преминал во состојба на дисбаланс и доаѓа до промена на начинот на кој дишеме.

Ретко кој е свесен за начинот на кој дише. Она за што сме свесни се симптомите кои ги доживуваме кога сме во некоја емоционална состојба пр. брзо чукање на срцето, пот во телото или рацете, тресење на рацете, стегање на градите, закочен врат и сл. и овие симптоми се тие од кои се плашиме.  Во одредена физиолошка состојба, особено во ситуација на стрес важно е да научиме да ја вратиме состојбата на дисбаланс на организмот,а потоа рационално да преиспитаме што можеме да направиме. Под стрес кога сме, неможеме да ги согледаме сите перспективи на излез од ситуацијата бидејќи алармот на организимот согледува дека е во опасност и секако дека приоритено е да се обидува да се спаси.

Следниве инструкции ќе ви помогнат да си го вратите назад балансот и да го смирите организмот:

  1. Најнапред тргнете се настрана или во друга просторија каде ќе биде мирно и тивко
  2. Прашајте се “Како дишам?” и слушнете го одговор на телото. Каде ви се јавува проблем?При издишување или вдишување?
  3. Дефокусирајте се- сетете се на предметите што ги има околу вас, која боја ја имаат и каде се наоѓаат. Потоа забележете кои звуци ги слушате. Само забележете без да ги анализирате.
  4. Потоа проверете дали сте смирени.
  5. Бројте во себе од 9 па наназад. Пр. “9 вдишувам, 9 издишувам, 8 вдишувам, 8 издишувам”се до 1.
  6. Проверете дали сте сега смирени и опуштени.

Ова е дел од вежбите на автоген тренинг за справување со стрес. За да има ефект потребно е секојдневно вежбање и во ситуации кога не сме под стрес, со цел да го научиме телото и мозокот да се “сетат” како да го вратат баланост на дишењето кој е одговорен за чувството на добростојба.

2 thoughts on “Зошто е важно правилното дишење?(особено во ситуација на стрес)

  1. Ova so nacinot na dishenje,verovatno pomaga individuata da se “smiri”za moment za da prodolzi ponatamu (da se stavi sam vo kolosek) za da mozi normalno da funkcionira. Broenjeto so dishenje sigurno e od pomosh. Zashto se veli: KOGA SI VOZNEMIREN IZBROI DO 10 !. Pozdrav i sekoe dobro.

    1. Да. Дишењето е основна биолошка функција и добро е да научиме како да го вратиме “пореметеното” дишење од разни емоционални состојби, во повторно смирено дишење за да доживееме мир во себе. Поздрав

Напиши одговор на Gjorgji Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *