Како вие ја чувствувате лутината? Дали ја изразувате или ја задржувате во себе? Како се чувствувате кога ќе ја изразите/нема да ја изразите? Колку често ви се случило да експлодирате во ситуација, за која потоа сфаќате дека можеби сте претерале во реагирањето?

Често, многу често се случува и секојдневно да се налутиме за нешто и тоа така да го оставиме, за да подоцна ден по ден се накалемува лутината и ние во некоја ситуација банална да изреагираме неконтролирано и подоцна да се покаеме. Ова се случува токму поради накалемувањето на лутината која не е соодветно и навремено изразена. Изразувањето е здрава компонента бидејќи телото кога сме под влијание на лутината, има набој на голема енергија која бара да биде изразена кон надвор, а ако не биде изразена кон надвор енергијата се разлева внатре во телото, во некој орган. Често за јавување на психосоматика кај човекот ,во позадина можеме да најдеме скриена лутина која не е доволно освестена и соодветно изразена.
Лутината како што споменав, прво треба да биде освестена. Што е тоа што ме лути? Кон кого е таа лутина? Заради што почувствував лутина? Неможеме да ја изразиме ако не сме свесни за неа и кон кого е насочена. Дали на себе си сум си лута или на некој друг? Откако ќе ја освестиме дека постои, ок е да ја осетиме таа огнена енергија во нас и онаму во телото каде ја осеќаме. Доколку особата не ни е во близина можеме со разни експресивни техники да ја изразиме и тоа да биде безболно. Но, да не оставиме само на тоа, туку кога ќе се видиме со особата да инсистираме на разговор со неа и директно да и кажеме дека сме и лути и кои се причините за тоа. Сепак, за некои луѓе потешкотија е изразувањето на лутината кон друга особа и затоа препорачливо е низ психотерапија да научат да совладаат вештини на изразување и да поработат на себе и што е тоа што ја предизвикува блокадата да ја изрази лутината.
Лутината е моќна, огнена емоција и иако општествено е непожелна и неприфатена, сепак има значајна улога во зачувување на интегритетот на особата и заземање за себе. Во ред е да ја почувствуваме. Кога ќе ја осетиме во нас значи дека се пушта црвениот аларм во нас дека можеби чувствуваме неправда, дека некој можеби влегува “во наша територија”, дека вредностите ни се разнишани итн. Затоа и улогата и е значајна за витален раст на особата. Лутината ја чувствуваат и децата уште од најмала возраст кога ќе се почувствуваат загрозено (пр.кога некој ќе им ја земе играчката. Па дури бебето се лути кога ќе биде гладно и почнува се поинтензивно да плаче ако навреме мајката/родителот не изреагира).

Ако лутината е прикриена и неосвестена, таа се манифестира во вид на пасивно-агресивно однесување кое често е кај особата која директно не се соочила со оној на кого му се лути и применува разни начини на “изразување”: пркос кон особата, пререкување за нешто што направил/не направил-а особата, избегнување и изолирање од комуникација и тоа е проследено со невербални знаци на телото кои ја поткрепуваат оваа пасивна агресија.
Најчесто после изразувањето на лутината, доаѓаме до суштинското – до незадоволени потреби на особата, а тоа може да биде потреба за внимание, потреба за уважување и почит, потреба за зачувување а својот интегритет и граници итн. Низ психотерапија се разработува лутината и доаѓаме до изворот лутината каде експресивно и безбедно најнапред ја изразуваме. Понекогаш и за постојана, континуирана лутина изворот може да го бараме и во родителските односи кон нас уште во рано детство и психотерапевтот има значајна улога на поддршка на особата низ тој процес.
