За блогот

     Мисијата на блогот претставува грижа за сопственото ментално здравје со цел создавање поквалитетни односи првенствено преку остварување контакт со себе, а потоа со партнерот, децата, семејството, работната организација и општо во пошироката заедница. 
   Овде ќе најдете текстови напишани од мое име, а со кои се соочуваме низ нашето живеење и теми кои се обработуваат во психотерапијата. Теми низ кои професионално како психолог, психотерапевт ги поминав низ годините преку едукација од гешталт психотерапија, како и искуствено во мојот живот.
Овој блог е наменет за сите оние луѓе кои избираат и сакаат да работат на себе, на своите кочници, несигурности, конфузии, приоритети, стресови, негативни мисли, незадоволства, намалена самодоверба, стравови итн. со цел откривање на сопствените потенцијали преку кои би си помогнале на себе си и на односите со другите кои ги создаваат. 
А наменет е и за сите оние кои сакаат да осознаат нешто повеќе за психологијата.
 
Светлана Јовевска 
Психолог, психотерапевт во МОДИ Центар, Скопје
 

Закажи сеанса

Go back

Your message has been sent

Warning
Warning
Warning

Warning.