Негативен внатрешен говор

Во секојдневното функционирање често се случува да сме обземени со негативни чувства и тоа да биде проследено со неуспех и и незадоволство од тоа што го правиме. Сте се запрашале ли “како јас придонесувам за вака да се чувствувам?”. Сигурно сте почувствувале кога сте биле расположени и со позитивни емоции нештата “да ви одат од рака”.  Меѓу некои фактори за ова да биде така е и сопствениот внатрешен говор. Тој, без оглед дали сме свесни или несвесни за него, нè саботира или не поддржува. Кој е тој внатрешен говор и како изгледа?

Внатрешниот говор е интернализиран себенасочен дијалог, кој содржи глас, тон, емоционална обоеност и содржина. Штом велиме дека е дијалог тогаш тоа значи дека постои уште една особа т.е во психологијата се вели поддличност која нешто ни говори. Значи во внатрешниот говор/дијалог сме јас и мојата подличност. За тоа како изгледа нема унифицирана форма, бидејќи секој различно ја визуелизира. Доколку дијалогот е позитивен и поддржувачки тогаш чувствата се позитивни, смирувачки, пријатни или охрабрувачки. А во негативниот себеговор чувствата се негативни и го зголемуваат  стресот, анксиозноста, гневот, лутината итн.

Како да препознаете дали говорот ви е позитивен или негативен? Пробајте ја следнава вежба: “Сетете се на задача која треба да ја направите, било тоа да е задача од директорот, било да е презентирање пред група луѓе, било да е полагање испит или пак едностсвано правење колач кој можеби ви изгледа сложен за правење. “…..Што помислуваш? Напиши ги мислите како ти надоаѓаат на хартија. Дали оваа задача ја гледаш како тешка, како предизвик, дали те мотивира/демотивира, дали чувствуваш стрес и на самата помисла на неа? Што чувствуваш? Непријатност, “грутка во грло”, страв, срам..Што чувствуваш во телото?Стрес, срцето забрзано чука, рацете, нозете, главата ти се замрзнуваат и следува а сето ова “јас неможам ова да го направам” или пак сепак се мотивираш, охрабруваш и си ја работиш задачата.

Себеговорот зависи од начинот на кој ги перцепираме нештата, односно каква е перцепцијата на нашите способности. Односно, ако јас себе си се перцепирам како некој кој не умее да се снајде во кујна, тогаш негативниот себеговор уште повеќе ме демотивира и ме потсетува дека сум неспособна, така што ќе се откажам од тоа да пробувам да готвам. Исто така, негативниот себеговор се јавува во ситуации кога имаме малку искуство или немаме воопшто искуство во некоја работа да ја направиме. Или пак, кога не сме доволно сигурни во своите знаења, умеења, способности. Од друга страна, ако нурнеме да се себеистражуваме и да се навратиме во периодот на детството ќе дознаеме на кој начин родителите/старателите, наставниците и другите значајни во околината кој извршиле влијание врз нашето воспитување , тие се однесувале кон нас во ситуации кога ни била потребна поддршка. Ќе дознаеме каков модел на идентификација биле тие за нас и каков говор тие за себе користеле.

Кога ќе станеме свесни за сопствениот негативен говор и кога ќе откриеме на кој начин тој се градел во детството, полесно ќе можеме да го препознаеме во разни ситуации и да го трансформираме во позитивен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *