Дали ова се однесува на вас:
- имате потешкотии во заспивање бидејќи мозокот активно ви работи и анализира што се случило во денот или некоја ситуација
- постојано сте загрижени за работите
- одново ги преживувате настаните од минатото и повторно ги чувствувате непријатните чувства
- премногу ги анализирате работите
- постојано се навраќате во мислите во ситуации во кои не сте кажале ваше мислење, а требало да кажете. Или размислувате што е тоа што требаше поинаку да го направите
- не сте спонатни, сакате однапред да ви е сè испланирано( дури и кажаниот збор понекогаш)
- ве погодуваат/се навредувате на зборови од некој друг и долго ги носите во себе
- високо самокритични сте
- се себекритикувате за грешките кои сте ги напраиле. Длабоко се погодувате со тоа.
- често имате лоши, катастрофални сценарија во главата
- ги “предвидувате” настаните во главата
- сте хиперсензитивна особа

Ако да, ви сте во групата на претерано размислувачите. Има ли пауза во мозокот? Тешко. Одново и одново се редат мислите и формираат пајакова мрежа. Или цело филмско сценарио креирате. Нема крај. Време е ВИЕ да го ставите крајот на филмот, кога вашиот ум не го прави тоа.
Она што овде е важно да се спомене дека претераното размислување не е исто што и решавање проблем.Првото значи останување/задржување во проблемот, а второто е барање на решение за проблемот. Сетете се кога претерано сте размислување дали проблемот кој ве мачи сте го решиле или само сте потрошиле часови анализирајќи го?
Решавањето проблем води до продуктивна активност, а претераното размислување само поттикнува непријатни емоции и не води кон решенија. Анализирајќи ги ситуациите , преживување на истите, наоѓајќи се себе си како виновен итн. води до непријатни нездрави емоции-вина, бес, вознемиреност односно до анксиозни и депресивни состојби. И ова е еден круг околу кој се вртите. Претераното размислување може да биде само симптом на анксиозност или депресија или причина за нивно јавување. А се јавува и кај особи кои сакааат да имаат контрола на работите бидејќи непознатото или несигурноста ги плаши и тие со претераното размислување “воспоставуваат контрола” врз работите.
СТОП!!!!! Прва помош техника кој може да ја примените е кога се ќе фатите дека сте заглавиле во мисли, освестете се со кажувајќи “стоп” и плеснете со рацете. “Што гледам околку себе? Каде се наоѓам?” и на овој начин се освестувате за сегашниот момент и реалноста во која се наоѓате. И донесувате одлука, бидејќи сфаќате дека сте претерале со мислите, да не се измачувате повеќе со нив бидејќи немате корист. Второ, освестете се дека имате проблем- “ок имам проблем и потребно ми е решение, а не само размислување за него”. Трето, доколку сте вознемирени дистрактирајте се со работа пр. во градина, прошетка, листење, музика, друштвени игри, читање…или она што ве прави да се чувствувате среќно и што ве релаксира, а потоа вратете се на решавањето проблемот. Или со техника на дишење може ќе се смирите (3 вдушувања од стомак низ нос и 5 издишувања низ уста) или јога, медитација. Разговор со блиска особа од доверба може многу да ви биде од корист и можеби ќе ви се допадне некоја нејзина/негова идеја и поддршка. И на крај, запомнете: бидете сочувствителни и нежни кон себе.
Сепак, ако имате потешкотии во справување со претераното размислување, побарајте психолошка помош бидејќи како што напоменав, тоа може да биде симптом на анксиозност или депресија.
