Доживување на сопственото тело

Пробајте да го нацртате доживувањето за сопственото тело, онака како вие го гледате. Можеби ќе се изненадите, но сигурно ќе откриете одговори на ваши прашања доколку подлабоко го анализирате.
Имено, често телото го занемаруваме или мислиме само дека е објект кои врши одредени функции. Но, тоа е многу повеќе од објект. Телото невербално зборува, само потребен е тренинг да го чуеме. Тоа доживува се она што ќе го искусиме со нашите осети, може долго да трпи и може да ескалира така што “вришти” од болка. Неговата положба се менува онака како што ја искусуваме средината. Па така, телото не е исто кога сме тажни, лути, среќни, анксиозни, бесни, опуштени, во мир итн.
За да стапите во контакт со вашето тело, сега во овој момент запрашајте се: “Каква е сега мојата положба на телото?” “Што ми зборува оваа положба?” Згрчен ли е некој дел или постои целосна опуштеност?” Ако одреден дел, мускул, орган е згрчен тогаш свесно обидете се да го опуштите и видете што ќе доживеете. Повторно згрчете го тој дел свесно, па повторно опуштете се. Дишете низ овој процес постојано низ стомак. Што ви кажува телото?
Можете и да го нацртате сопственото тело онака како го доживувате и така периодично да си ги зачувате вашите уникатни цртежи и да ја проследите состојбата на телото и да искомуницарате со него.
Запомнете: Телото памти.

Светлана Јовевска, психолог, психотерапевт МОДИ Центар, Скопје

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *