За благодарноста

[pl_row]
[pl_col col=12]
[pl_text]
Благодарните луѓе живеат посреќно! Зошто е ова така? Затоа што тие практикуваат секојдневно да го ценат длабоко од душата тоа што веќе го имаат, а не постојано да бараат уште и уште и никогаш да не се задоволни со тоа уште.

Таа е моќна, благородна емоција која буди позитивни чувства и расположение и го намалува стресот, а со тоа заслужено го добива своето место и во тераписката работа и важна е да и се посвети негување секојдневно. Со тоа што го намалува стресот и негативните емоции придонесува за постигнување на добросостојбата на личноста. Благодарноста искажана преку љубезност, културност, почит кон друга особа ги зајакнува односите со другите луѓе и затоа поволно е нејзино развивање за зајакнување и поврзување на луѓето, односно се гаји хуманоста и поврзаноста меѓу луѓето воопшто. Благодарноста не е во нашите глави и не е нешто што механички се искажува “благодарам”. Таа се наоѓа во срцето и чувствата, се доживува длабока топлина во телото и пријатни чувства.

Благодарноста не значи дека треба да ги занемариме проблемите, тешкотиите кои ни се случуваат, на начин негирајќи ги или потиснувајќи ги. Туку пристапот кон овие тешкотии е од поинаква перспектива. “Ок свесна сум за тешкиот период низ кој минувам и благодарна сум што ги открив моите сили периодов.” И веднаш ваквата благодарност кон себе нé прави помеки и понежни кон себе. Потопли. Заблагодарувајќи се на сé што е околу нас, се свртуваме и да се заблагодариме на себе си, на своите сили и потенцијали. Изразувањето благодарност може да биде специфично- насочено кон некоја особа, кон себе, кон некој предмет итн. и генерално- кон луѓето општо, воздухот кој го дишеме, природата или универзумот.

Благодарноста некој ја споделува не заради што некој ја заслужува или дал подарок, туку особата ја споделува бидејќи ја чувствува без никакви повратни очекувања од другата особа.

Ако ја применувате често, ќе ви стане дел од вашиот живот и ќе ги забележите позитивните бенефити од неа. Еве неколку вежби за негување на вашата благодарност- започнете уште денес:

-Запишете три работи за кои сте благодарни (денес или општо);

– Напишете писмо до некоја особа на која сте и благодарни или поради што ја цените таа особа и заедно прочитајте го. Уживајте во заедничките моменти на благодарност;

-Нацртајте ја вашата благодарност и поразговарајте со неа;

-Заедно со вашето семејство споделете си неколку пати неделно картички за што сте си благодарни еден на друг; Децата ќе уживаат во оваа “игра”. А и на овој начин ја развивавте благодарноста кај нив уште додека се мали;

– Замислете се себе си како некоја особа и напишете си писмо за што сте си благодарни на самите себе;

-Запишете пред спиење секој ден по една благодарност од денот и собирајте ги цела година. На крај на година или на половина година прочитајте си ги благодарностите.

Уживајте во пријатните чувства !

 
[/pl_text]
[/pl_col]
[/pl_row]

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *