Психотерапија

Процесот низ кои минуваат луѓето во психотерапијата не е секогаш едноставен. Потребно е храброст за себеизложување, соочување со себе кое не секогаш е со леснотија.
Но вродува со плод. А плодот е лична самодоверба и ослободувачка енергија која е раздвижена.

Терапијата не е само разговор меѓу две лица. Не е средба каде терапевтот ќе ви каже што да правите и како тоа да го направите. Она што терапевтот Ви го нуди е водство и поддршка во процесот на промени и зреење. Терапевтот преку соодветна психотераписка едукација преку користење на моќни тераписки техники ќе Ви овозможи патот до себеизлекувањето сами да си го пронајдете. Односно,ќе станете свесни за вашите блокади, за честата лутина која ја имате, за тагата, стравот, срамот и се друго што ќе произлезе. И нема да почувствувате дека сте осудени поради тоа, туку прифатени такви какви што сте.

Во процесот наречен психотерапија се случуваат чуда. Тоа е поле меѓу две лица кои креираат нов свет. Процес во кој неизбежни се сите човечки емоции и само таму нема бегање од себе. Спојот меѓу психотерапевтот и клиентот е спој на ново искуство исполнето со разни енергии кои циркулураат меѓу нив. Тоа е танц меѓу особите каде терапевтот го следи клиентот и го насочува.

На крај, се случува посакуваното. Позитивната енергија и прочистеноста на умот ве ослободува од сопствените синџири на ропство.

“Нема излекување без себесоочување.”

И се заблагодарувам на мојот водич во школата каде завршив психотерапија. И  на групата кои ме прифатија таква каква што бев. Тоа беше 5 годишно искуство со непроценлива вредност.

Светлана Јовевска, психолог, психотерапевт во МОДИ Центар.

selfgrow #licenrazvoj #psychoterapy #mojapsihoterapija

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *