Зависност во врска

Кога двајца партнери одлучуваат да стапат во врска тогаш тие креираат поле на еден заеднички свет. Свет во кој љубовта, припадноста, поддршката, негувањето еден со друг се клучни за здрава врска. Но, постојат врски кои своето си го добиваат на еден нездрав начин и нивниот однос во т.н љубов е претворен во зависност еден од друг. Зошто е нездрава оваа врска?

Партнерите кои остваруваат здрави врски покрај зближувањето со партнерот, тие си дозволуваат и да се оддалечат еден од друг. Тоа е, метафорички кажано, како растегната хармоника која се враќа во првобитниот облик, а без растегнувње и стеснување неможе да свири мелодија. Односно, партнерите споделуваат во нивиот свет и потоа секој според своето поле на интерес се оддалечуваат и дејствуваат независно еден од друг.

Во нездравата врска чии однос е зависнички и од двајцата партнери, постојано прават заеднички работи и кога е потребно да се оддалечат (не мислам на физичка оддалеченост, туку на психолошка) кај нив се јавува страв од напуштање. Тие особи без потпора, одобрение или мислење од партнерот не се способни сами да донесат одлуки, да направат независен избор. Не се чувствуваат моќно да издржат предизвик, фрустрација ако не е до нив партнерот и тешко им е да понесат одговорност за изборот и последиците. Во таквите врски или едниот или обата партнери бараат постојано љубов, внимание, ненаситни се или пак, друга верзија е кога едниот партнер постојано само дава љубов и друго што му бара партнерот, но не научил да прима љубов. Како родител кој постојано се вложува во своето дете без да си дозволи да се отвори и да ја прими љубовта од детето.

Доколку овие зависнички врски се раскинат настапува очајот. Безнадежност дека светот е срушен и никогаш нема повторно да биде добар. Тоа од што најмногу се плашеле, се исполнило. Стравот од напуштање се исполнил. Сега се сами, немоќни, очајни, изгубени во својот идентитет. Како оставено сираче. Изгубени во светот. Тотално немоќни, депресивни. Без свое “јас”. Сега незнаат  ни како да продолжат да функционираат, ни што со себе и лутаат.

Има многу позадина во работа на сопствени процеси кои влечат корени од детството и начинот на воспитување кои бил применуван од родителите. Процеси кои тераписки особата потребно е да ги обработи и да стане свесна за сопствениот начин на функционирање. Такада, работите сеуште може да се променат и во возрасниот период низ процесот на терапија. Особата да ги обработи нездраво креираните аспекти од неа и да умее здраво, со сопствен избор да креира однос на споделување и независнот во врската, како и да научи да “влезе” и “излезе” од врска а сепак да поседува себеподдршка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *