Другата страна на анксиозноста

Во овој текст не би пишувала за анксиозноста дефинирајќи ја со нејзините клинички манифестации. Тоа ќе го најдете низ пребарувањата на овој блог овде.

Би сакала да ја погледнете анксиозноста од една друга перспектива. Следете ги упатствата бавно и колку и да ви се смешни или чудни, применете ги.

Седнете ја до вас анксиозноста. Дадете и некое име по ваш избор. Обидете се да се спријателите со неа. Иако ви изгледа одбивна, потрудете се да ја прифатите онаква каква што се појавува. Каков е нејзиниот изглед надворешно и внатрешно? Што ви кажува таа? Само слушајте ја и повремено потпрашувајте ја што ве интересира исто како кон пријател. Разговарајте некое време со неа, истражувајте ја. Откако ќе разговарате со неа, земете длабок воздух,  стапете со свесност и дозволете си прифаќање: “Те прифаќам што и да правиш. Дозволувам да те чувствувам иако си непријатна. Ти си мојот пријател и јас ќе те послушам што ти е потребно.”

Ова е навидум кратка тераписка вежба, но времето на работа е цела сеанса, но потребно е и неколкупати повторување. Бара ваше доближување до анксиозноста, овој пат не да ја гледате како непријател, туку како пријател. Она што е важно во врска со анксиозноста е да не се трудите да и давате отпор, бидејќи таа дополнително ќе ве притиска. Колку повеќе отпoр давате на симптомите, таа дополнително ќе се јавува со поголемо притискање. Клучно е што анксиозноста секогаш има нешто да каже. Често не сме свесни и длабоко процесите работат во нас. За да ги си ги ублажите симптомите на анксиозност кога ќе се појават, најнапред не и се опирајте, дозволете си срцето да чука, да се поти телото и тресе, мислите страшни само да течат, а вие како набљудувач само следете што се случува. Не се плашете дека нешто лошо ќе ви случи, тоа се само симптоми. Ако се опирате дополнително ќе испаничите. Прифатете ја и сфатете дека дошол вашиот пријател кој сака нешто во тој момент да ви каже нешто значајно. Со полна свесност за моментот земете низ нос длабоко воздух од стомак и испуштете го полека низ уста и истовремено опуштајте ја згрченоста во телото онаму каде ја чувствувате. Повторете неколкупати. …

Доколку имате потешкотии во справувањето со анксиозноста, обратете ни се и закажете сеанса.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *