Дефинирај го сопствениот перфекционизам со свои зборови. Напиши го одговорот. Во твојот ум што содржи:
- перфектна работa
- перфектно пријателство
- перфектен љубовен партнер
- перфектно тело
- перфектна личност
- перфектно постигнување
- перфектен живитен стил
- перфектен живот?

Откако ќе одговорите, сега дадете одговор и на следниве прашања:
- Како знаеш кога ќе постигнеш нешто перфектно?
- Кои се твоите стандарди за тоа?
- Какво е чувството кога се стремиш да го постигнеш перфектното? И какво е чувството кога делумно си го постигнал нештото?
- Колкави се шансите/ каква е реалноста тоа да се исполни!
За крај, нацртајте си го вашиот перфекционизам!
Вашето дефинирање ќе ви помогне да стапите во контакт со вашиот перфекционизам и да согледате кои и колкави се ваши стандарди кон кои се стремите во животот. Ќе си увидите и каква е реалноста, дали е воопшто возможно да се биде перфектен.
