Следува една алатка која кога ќе ја примените може да откриете во кои области од животот сте незадоволни, во кои повеќе задоволни, односно ќе добидете генерална слика за вашиот степен на задоволство од животот. Се вика “тркало на животот.”
Упатство: Подолу се 10 области од животот.
- пари/финансии 6. заедница/општество/околина
- кариера/работа 7. семејство
- здравје 8. партнер/љубов
- забава и рекреација 9.личен развој
- пријатели/социјален живот 10.духовност/спиритуалност
Можете и да додадете некоја друга област.
Чекор 1. Потребно е секоја од овие области да ја процените според вашиот степен на задоволство по следнава скала од 1-10. 1-не сум задоволен воопшто, а до 10-најмногу задоволен.
Чекор 2. Нацртајте круг и поделете го на 10 дела запишувајќи ја секоја горенаведена област на надворешноста од кругот. Во кругот направете внатрешни концетрични кругови (10 треба да има). Запишете ги броевите од 1-10 на секој концетричен круг.
Чекор 3.До онаму каде го проценувате степенот на задоволство во една област(пр.7) означете до тој број или избоите. Тaка за секоја област .
Чекор 4. Поврзете со линии за да добиете внатрешно тркало.
Пример 
Сликата што ќе ја добиете ќе ви даде одговор за задоволството од животот, во која област сте помалку или повеќе задоволни. Анализирајте во која област би сакале промени да направите и на кој начин тоа ќе го сторите.
