Адолесцентниот период не е нималку лесен период низ кој особата поминува. Целта на оваа развојна фаза е издвојување од родителите и постигнување независност во изградбата на личноста. Често проблем во овој период претставува комуникацијата родител-дете, која е резултат на тоа што адолесцентот има различни верувања, идеали, вредности кои се различни од оние на родителите. Родителот е често и во двоумеење “колку да му дозволи” независност и во кои ситуации. Пречките во комуникацијата и последиците од неквалитетната комуникација носат стресни, непријатни бурни емоции и кај адолесцентот и кај родителот. Затоа е важно родителот да поработи и на сопствените вештини на комуникација, а пред се низ овој период да биде свесен за процесите кои се случуваат во своето дете и со него. Улогата на родителот исто така е многу важна и овој период, сега е со некои променети аспекти во односот со адолесцентот, со постојана поддршка. Запомнете: адолесцентот расте и ќе се изгради во комлетна личност. 
Квалитетна комуникација со адолесцент- насоки
- Адолесцентот има потреба да биде сослушан. Прво и основно правило во комуникацијата е слушајте. Некои ќе рече “па стално го слушам што ми зборува”. Слушањето е вештина во комуникацијата која иако мислиме дека ја практикуваме, сепак докажано е дека несоодветно ја користиме. Оставете ја домашната работа која ја правите и посветете го времето на детето додека ви зборува. Покажете дека сте љубопитни и заинтересеирани за тоа што ви го кажува. Вистинското слушање подразбира комплетно вклучување во разговорот со детето, посветување внимание и концентрација додека адолесцентот зборува и подразбира поставување отворени, прашања кои поттикнуваат да даде дополнителни информации адолесцентот од типот: “Како мислиш дека поинаку можеш да го направиш тоа?””Што се случи минатата ноќ?” “Кое е твоето размислување за тоа?”итн. Слушањето вклучува и парафразирање, односно тоа е “прераскажување” на она што го говори адолесцентот со цел да го потврдиме тоа што тој/таа го зборува.
2. Адолесцентот има потреба да ги уважите неговите чувства. Додека адолесцентот зборува, важно е
да ги потврдувате чувствата негови. Само рефлектирајте што мислите дека би можел да чувствува пр.”Гледам дека си и лут на Марија што така постапила кон тебе”. Не критикувајте, не осудувајте во ниеден момент бидејќи со тоа само ќе го повлече или раздразни адолесценото повеќе и конфликтот е неизбежен тогаш.
3. Адолесцентот има потреба од доверба во родителот. Поставете се како другар/ка на кој/а може да и верува, но од друга страна сепак држете ги границите соодветно ни премногу да му дозволувате, ни премногу да му ускратувате. Сите тинејџери сакаат да разговараат со родителите, иако навидум не изгледа така. Дали ќе пристапи кон вас или не зависи од вашиот однос кој сте го поставиле кон него. Ако сте покажале незаинтересираност за него или секогаш сте го осудувале и критикувале зошто така постапил, или пак сте се поставиле како авторитарна особа која не ги менува правилата во воспитувањето дури и му се заканувате на вашето дете , тогаш негативни поени и одбивност сте направиле да ви се отвори тинејџерот. Наместо тоа, бидете свесни дека и кај вас потребно е да направите личносни промени и полека да ги попуштате границите онолку колку што мислите дека е доволно или преговарајте со адолесцентот колку му е дозволено. Бидете родител на кој може да му се верува, полн со емпатија и разбирање и колку и да ве обземат некои бурни чувства во вас, сепак не ги покажувајте драстично, туку само изразете го вашето несогласување и дајте му образложение зошто не мислите исто како него. Исто така, овде е важно и вие со него да споделите ваше искуство како вие сте постапиле во слична ситуација или да дадете совет како вие мислите дека можеби би било подобро. Тоа значи дека тоа што го доживал/а вашето дете и на секој друг (може) да му се случи и ништо не е необично.
4. Адолесцентот има потреба да ги прифатете промените во светот на тинејџерите. Вашето време додека сте растеле важеле едни правила, верувања, идеали во општеството, а работите се менуваат. Ништо не стои во место, па ни општеството. Полесно ќе се вклопите во размислувањата со адолесцентот и подобро ќе го разберете неговото однесување ако бидете барем малку во тек во случувањата во светот на тинејџерите. Што и да ви кажува и колку вам да ви изгледа неприфатливо, чудно, тоа е реалноста. И вие да зборувате за вашето време, ним ќе им изгледа чудно и неприфатливо. Преку прифаќање на промените, ја стекнувате довербата во детето.
5. Адолесцентот има потреба од разумен родител. Контролирајте ги вашите емоции. Секако дека ќе почувствувате и вие лутина, бес, нервоза со одредени постапки на вашиот адолесцент, но бидете свесни дека ништо нема постигнете доколку и вие изреагирате бурно и веднаш со неприфаќање. Вие сте сепак родителот кој е рационален, за разлика од адолесцентот кој тешко ги контролира емоциите. Ако забележите дека ситуацијата ескалира, вие свртете се свесно кон вашето тело и чувства, земете длабок воздух и кажете му дека потребно е време да се смирите и вие и тој/таа, па ќе продложите со разговорот.
6. Адолесцентот има потреба да ги прочитате неговите телесни и емотивни промени. Набљудувајте ги промените кај адолесцентот, тој/таа тешко ќе може да се охрабри да ви каже што му/и се случува. Следете го адолесцентот, забележувајте ги неговите промени и особено обрнете внимание на промени од типот на покажување повлеченост од активностите кои дотогаш ги правел со интерес, од промените со губење или преголем апетит, или пак од неизлегувањето од дома и се она што ви изгледа чудно кај него, а претходно добро изгледало кај него. Информирајте се за адолесцентна депресија со која голем процент од младите се соочуваат, и за зависничките однесувања (пушење, користење алокохол, дрога, коцка )кои исто така земаат голем замав во денешно време.
7. Адолесцентот има потреба од интимност. На адолесцентот потребен му сопствен простор во кој тој ќе се чувствува свој и ќе истражува во неговиот свет. Секогаш почитувајте ја неговата приватност па така секогаш чукнете пред да влезете во неговата соба.
8. Адолесцентот има потреба на разговор за теми поврзани со секс, сексуални теми. Ова во денешно време сеуште звучи табу и засрамувачки за родителот, но секако дека на тинејџерот му е потребен совет и информираност за овие теми. Адолесцентот ќе ги дознае темите секако, но најголем процент тие ги дознаваат од своите врсници или од медиумите. Бидете свесни за вашиот срам, но еднаш ако се охрабрите да ја започнете оваа тема па макар и да започенете со шегување додека се опуштите и вие, следниот пат ќе биде полесно. Важно е да го информирате и вие за секаулано преносливите болести, ризици и несакана бременост кои може да се случат во активниот сексуален живот. Подобро превенирајте, отколку да лечите.
9. Адолесцентот има потреба на заедничко време со родителот. Тоа нека биде заеднички ручек, прошетки, шопинг, заедничко готвење и слушање музика, одење на вежбање, во кино и сл. Ова ќе ве зближи еден со друг и ќе ви ја зајакне врската родител-адолесцент.
