
Терапијата со парови се препорачува кај паровите кои се соочуваат со одредени проблеми кoи произлегуваат низ партнерските релации додека партнерите се во врска или во брак. Значајна е за остварување на добри понатамошни релации, без оглед дали проблемот се јавува кај едниот од парот или е проблем кој се јавува кај двајцата. Едниот врз другиот си вршат постојано влијание во односот и затоа не може да се исклучи само дека едниот партнер има проблем. Парот (хетеросексуалните, хомосексуалните, брачни двојки) во текот на терапијата доаѓа до освестување на несвесните чувства и очекувања еден за друг и тие се се изразуваат директно во текот на сеансата. На тој начин се унапредува меѓусебната комуникација која често е занемарена или недоволно активно користена. од едниот или обата партнери. Акцент се става на тоа како дошло до проблемот и на кој начин, како делува кај партнерите и најважно е превземање на одговорност за проблемот т.е постапките. “Не се бара виновник” туку освестување на чувствата и превземање одговорност, како и да научат партнерите да се слушаат еден со друг за нивните потреби.
Терапијата е наменета за сите оние парови кои:
-почувствувале дека интимноста недостига т.е недостига емотивна поврзаност меѓу нив;
-влегуваат со чести конфликти, тензии, пр. околу воспитување на децата ;
-љубомората владее во нивниот однос, изневерување, немање доверба;
-забележале мешање во брачниот живот или во врската од други членови од семејството;
-се појавило незадоволство во односот (пр.монотонија, незаинтересираност од едниот партнер..);
-неможат заеднички да донесат одлука итн.
