“Не плачи!”
“Не преувеличувај!”
Не реагирај претерано!”
“Однесувај се културно!”
“Не биди мек/а!”
“Немој да се лутиш!”
“Не барај, молчи!”
“Срам да ти е!”
“Немој гласен/на да бидеш!’
“Немој да грешиш!”
“Не така, ќе паднеш!”
Не се држи така, ќе ја скршиш чашата. Ете виде што направи, ја скрши чашата, а ти реков !”
………
Дел од многуте други упатени критики кон детето, а кои директно упатуваат на развој на големиот себекритичар кога ќе порасне возрасна доба. Истовремено и негирање на емоциите на детето кои носат порака “не е добро да чувствуваш” и соодветно на тоа значи да се чувствуваат тие “негативни” емоции=непризнавање,недоволно добро дете, кое понатаму го прифаќа мислењето за себе дека “не сум добар ако тие емоции ги чувствувам” и резултира со ниска себепочит.
Со тераписка работа се откриваат овие негативни интроекти кои детето/возрасниот ги интернализирал од родителите,бабите,дедовците, училиштето, средината врсници и генерално општеството и особата станува автентична и ослободена од овие стеги и себепочитта се зголемува.
