Еден воспитен стил кон детето кој во денешно време често од родителите се користи е презаштитничкото воспитување.
Овој воспитен стил повеќе е штетен отколку корисен. Штитејќи го детето од сите надворешни случувања, стимулации, новитети т.е од социјалниот свет правиме менталниот имунитет да паѓа. Правиме утре, како возрасна особа да неумее да се справи со одговорност за своите постапки, со неприфаќање на неуспех, со страв да посегнува низ промените и новитетите на животот, со ограничување и блокирање на неговата креативност и крајно ниска себедоверба и себевреднување.
Овде е важно и родителите да поработат на своите стравови и други карактеристики кои се во склоп на презаштитничкото воспитување. Зошто родителот првенствено треба да биде свесен за себе и својот однос кон детето, а потоа да го менува.
Затоа дозволете му на детето да се сопне, падне, неуспее, да се лути, да се шета на различни места, да го вклучите да прави нешто со вас (чистење, готвење..), да избере меѓу дадени опции, да кажува сакам/ несакам, да изразува разни емоции без осуда…
