Ако се однесуваме кон децата како кон предмет или како “дете е, ќе му помине” тогаш отвараме простор за развој на нездрава личност која кон себе ќе се однесува како предмет и со омаловажување.
Само со емпатија кон детето, трпение, едуцирање на детето, подготвеност во задоволување на потребите негови, изразување на неговите емоции и што е најважно вложување во себе како родител во сопствен развој кој ќе му биде добар модел на детето, ќе умее детето да се справи со животните задачи.
