Што е gaslighting?

Ова е термин кој никако не смее да биде занемарен и вреди да му се посвети објаснување. Во американската литература овој термин е застапен, а кај нас сеуште не е одомаќинет и нема точен превод. Па засега останува англиската верзија gaslighting.

Се однесува на вид на ментално, емоционално насилство кое го врши особата, односно користи емоционална манипулација. Ова е злоставување на особата, а целта е манипулаторот да стекне моќ и контрола врз жртвата. Тој е нарцистичка особа, социопат, диктатор.  Честа е во партнерските релации, кога партнерот (најчесто мажот) ја злоупотребува љубовта и близината на партнерката, но се случува и меѓу пријатели и професионални партнери. Секој може да стане жртва на гаслајтерот и манипулациите ги користи мудро, полека со ситни лаги за на крај да поверува жртвата и во оние крупните. Тој е љубезна, шармантна особа, особа во која верувате и имате доверба што не би помислиле дека такво нешто од неа ќе ви се случи. Она што тие многу умешно го прават е да ја изменат реалноста на жртвата, односно жртвата да почне да се сомнева во она што го прави, што го зборува таа или другите, на што се сеќава (“Навистина не е точно дека сум рекол дека ќе одиме на одмор”, “И повторно не се сеќаваш каде си ги оставила очилата,нешто си ми збунета “и така почнуваат манипулациите). Полека со тек на време, особата ќе почне да се сомнева во вистинитоста на реалноста и ќе посее таков сомнеж што помислува особата дека полудела. И тоа е целта на гаслајтерот- да стекне моќ, котрола врз жртвата поради извлекување корист (може да скрие неверство, зависничко однесување итн.). За да ја држи контролата тој користи тактика која ја убедува особата дека и нејзините блиски роднини и пријатели исто мислат како него, за да што повеќе жртвата му верува и да се изолира од блиските роднини и пријатели.

Точно ги препознаваат “болните точки” и таму напаѓаат и користат (пр. децата).

Последиците за жртвата се тешки како и секој вид насилство. Ја уништува саодовербата и самопочитта на особата. Прави да биде скептична во својата перцепција и вредност. Прави да поверува дека е луда.

Газат ненаметливо до дното и потоа ќе речат: “Премногу си осетлива”, “Ти треба одмор”, “Нешто си збунета” и ќе почне особата да се сомнева во себе дали навистина е во ред со неа, дали е добра мајка, сопруга итн. и ќе почне да се преиспитува и да биде несигурна. Нешто како “перење мозок”, жртвата не е свесна како и од кога дошло до тоа и како таа не го забележала тоа. И така се наоѓа во маѓичен круг и неверување и запаѓа во депресија.

Повеќе за знаците по кои кои можете да ги препознаете на гаслајтерот следете го видеото на youtube https://www.youtube.com/watch?v=BuSSuuUkrNI

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *