“Скалила на личен развој”

Во период од 04.02. 2023 до 03.06.2023 година во просториите на МОДИ Центар се одржуваше група 1 за личен раст и развој, именувана како “Скалила за личен развој” наменета за лица кои сакаа личносно  да напредуваат со цел посвесно живеење  и квалитетно воспоставување однос кон себе и околината.  Групата ја водеа психолог, психотерапевт Светлана Јовевска и педагог, терапевт Валентина Ангеловска Ќиевска.

Задоволството од изминатиот период е обострано. Групата напредуваше и покрај сите падови заедно, со наше водство како терапевти, успеваме да се воздигне до секое наредно скалило. Групата покажа искреност, емпатија, кохезивност и дружба која ќе се памети. До следна група, во прилог дел фотографии од процесот на работа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *