Родителско согорување (burnout)

Да признаеме-родителството е тежок процес. Се соочуваме со бројни предизвици. Секојдневните обврски (во трка со времето) што и се натрупуваат на жената дополнително го отежнува она што се нарекува здраво родителствување. Овде ја споменувам жената како примарен извор за добра благосостојба на децата со оглед на нејзината улога дадена од општеството- а тоа е пред се грижа за домот и семејството. Ако ја споменуваме жената како главен фактор за здрав развој на децата тогаш какво однесување се очекува од неа? Во идеална смисла тоа би било таа да умее да воспостави и добро да изменаџира  хармоничен, балансиран однос со себе, со партнерот, со децата, работата и домашните обврски. Токму затоа во овој идеален баланс лежи суштината на согорувањето, Често е присутно кај жените, но не ретка појава и кај мажите. Но кај жените поради традиционалните општествени наметнати задачи е се повеќе присутно и присвоено.

Од друга страна, воспитувани сме дека воспитувањето на децата е толку исполнувачко, нешто прекрасно и една насмевка на детето инстантно ќе го исполни родителот со убавина и сите проблеми ќе изчезнат. Дека задачите околу детето се забавни без оглед на реалните ситуациони тешкотии (ноќно станување, тантрумите на детето, неможност за воспоставување ред во домот, чистење на домот итн.)

Родителскиот burnout е период кога мајката веќе чувствува намалена енергија, кога веќе работите во домот, работата и околу децата ги извршува механички, без вклучено задоволство. На почетокот на родителствувањето постоело мотив, задоволство,енергија, но како одминува времето енергијата опаѓа поради “семоќноста” на мајката и таа повеќе нема контакт со себе , туку е само слуга на другите. Во тоа согорување се случуваат и последици по здравјето. На телесно ниво може да дојде до згрченост, болки во телото, мускулите, укоченост, зголемен притисок, срцебиење…, на когнитивно ниво заборавеност, намалена концентрација, неможност повеќе да се прима нови инфотмации од околината, на емотивно ниво зголемена раздразливост, лутина, иритираност, бес, чести промени во расположение и на бихевиорално ниво можност за физичко тепање на детето, вербално навредување, чести конфликти со другите итн. Секако дека последици има и по семејството, а најмногу страдаат децата заради причинетото насилство врз нив, што во иднина води кон тоа и тие така да се однесуваат. Запаѓањето во анксиозност и депресивна состојба и те како е честа последица од согорувањето.

Ризик групи се еднородителските семејства, семејства во кои има дете со посебни потреби или друга ментална болест, како и мајки – перфекционисти. Мајки херои кои ќе станат мајки жртви во креирањето на сопственеиот идеален живот.

Мораме да бидеме свесни за сопствената немоќ и истата да ја прифатиме. Да прифатиме и да живееме и во нередот и конечно да прифатиме дека не е здраво за себе да живееме тежнеејќи кон идеалност. Мораме да бидеме свесни за сопствените грандиозни очекувања од себе кои си ги наметнуваме и притоа да очекуваме признание од околината за своите херојски чекори.  А мораме и да работиме и на сопственото чувство на вина кое си го асимилираме секојпат кога ќе посакаме нешто да направиме за себе. И срамот од осудата од околината кога нештото ќе го направиме за себе. Но забораваме на она познатото “среќна мајка=среќно семејство”.  Преку грижата за себе им укажуваме на децата колку е значајно и тие да ја негуваат грижата за себе.

Мајката како еден основен извор на идентификација важно е таа да обрне внимание на себе и своите незадоволени потреби. И токму тоа е излезот од согорувањето. Енергијата која е согорена, потребно е да се обнови. А токму креативното израување на мајката во поле кое и причинува задоволство е патот кон обновување на сопствената енергија. Списокот на работи кои “треба” да ги направи е долг и секогаш неисцрпен. Зграбете го времето за себе, за работи кои ве релаксираат и причинуваат задоволство.

Запрашајте се:

Кога последен пат сте уживале во нешто?

Како се чувствувате сега?

Колкаво е од 1-10 вашето задоволство во животот? И во кои области сте најмалку задоволна? (прочитај за алатка за задоволството од животот тука

Колку од 1-10 ви е стресна улогата на родител?

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *