Не е едноставно да се воспитува детето т.е веќе адолесцентот. Би рекла, правилно да се насочува низ животот. А не му е ни лесно на адолесцентот со родители кои ригидно се држат во таа улога. Родителот, за да тече мирно патот, потребно е да разбере дека мора да има и лична промена. Сега веќе важи правилото: “Родител си ми, те почитувам, но јас не сум повеќе дете. Во твоите очи јас сум сеуште мала, незрела, неодлучна, па и неспособна понекогаш, но ако ти ми ја дадеш довербата, охрабрувањето, повеќе слобода, ќе ми помогнеш да го променам твоето мислење дека сум недораснато дете.”

Адолесцентот покрај физичките се соочува и со низа психолошки промени и тој развој се случува постепено. Имено, адолесцентниот период трае до 25 година. Почетоците и крајот секако варираат индивидуално во развојот, но некаде границите се следни: првите години некаде од 11-14 година се јавуваат физичките промени на телото кои тешко е да ги прифатиш се бубулиците на лице, интимните влакна, потењето, растот на градите кај девојчињата итн. Па тоа се низа хормонски промени кои и возрасниот тешко би се соочувал кога тоа би можело. Се јавуваат првите бурни, несогласувања, спротивставувања со родителите преку кои адолесцентот испраќа порака:”Не сум веќе дете” и експлицитно го изразува тоа.
До некаде 17-18 година ќе го видите “малиот возрасен” како го поминува целото време повлечен/а во соба и веќе овој период адолесцентот почнува да се спознава себе си, својот интимен свет, внатрешниот живот. Интровертно се повлекува во себе и ужива со себеистражувањето и бујното мечтаење. Се развива нарцистичкиот селф. Врсниците имаат главна улога во нивниот живот и себепочитувањето и те како зависи од нив. Страшно е да бидеш отфрлен, понижуван од врсниците. Тоа е удар врз сликата за себе и може да има последици од типот на појавување на депресивни симптоми, кај некои и почнуваат и извесни зависнички однесувања (пушење, конзумирање дрога, алкохол, коцкање, промискуитетно однесување), кои имаат основа за појавување и во нарушените односи со родителите. Експериментирајќи со превземање ризични однесувања се исто карактеристики на оваа фаза. Ах и тие љубовни проблеми- колку се слатки во очите на возрасниот, а тешки со срцето на адолесцентот. Спротивставувањата сеуште постојат, можеби и не толку често, со цел докажување на сопствената независност. Родителот често ќе каже: “Цел ден не сум те видел/а иако сме дома” или “Цел ден си на телефонот, пишуваш а нас уста не ни отвори”. Сега кругот е свртен-вам ви е потребна близината на детето, љубопитни сте да знаете за случувањата во неговиот живот, а тој/таа не им “треба” вашето мислење ,ниту близина, туку финансиска поддршка и можеби зготвена храна.
Причекајте по
сле 17-18 година. Сега, би рекле, во оваа фаза односите меѓу вам и вашето дете не се толку бурни, со несогласувања. До 25 година “треба” да одговори на прашањата за идентитетот, за избор на професија, вработување кај некои кои нема да се одлучат да се запишат за факултет, љубовен партнер со кои ќе создадат постабилна врска, прашања за сопствената иднина. И неретко кругот повторно се врти и се бара мислење и се споделува со родителот извесни работи, па се ужива во прошетките пр. со мајката, шопингување, заеднички ручек со родителите надвор итн.
Сега можете да здивнете и да се радувате, бидејќи ако изминативе години на личносни промени кај детето сте му давале поддршка, биле чекор зад него, сте му ја давале потребната слобода и неговите граници и најважно сте го почитувале како личност, тогаш бидете сигурни дека вашето дете пораснало во зрел млад возрасен и ја заокружило успешно оваа фаза од развојот.
