Прифаќање на емоциите кај деца

Емоциите кај детето постепено во развојот се развиваат првенствено неконтролирачки, за да постепено детето ја усвои контролата врз нивно изразување во средината. Дали и на кој начин ќе бидат изразени зависи од тоа дали и на кој начин родителите ги изразуваат сопствените емоции. Децата го усвојуваат начинот на изразување онака како што родителите го научиле од нивното примарно семејство. Самото општество , па оттаму и родителите се гордеат само кога детето ќе постигне успех,  детето се уважува кога е среќно, кога добро нешто направило итн. И тоа е во ред. Но претераното потенцирање само на позитивнитите аспекти кај детето води кон тоа да му се испраќа порака : “Те сакам само кога си среќен/успешен/мирен/послушен”. А што е со оние другите емоции, да речеме стравот, бесот, љубомората или грешките кои ги прави? Тие како да не постојат, односно постојат но се негираат кај него. Дали вие како родител не сте ги почувствувале тие “негативни” емоции? или подобо кажано  “Како сте се чувствувале кога сте ги почувствувале а ви биле забранети да ги покажете и изразите?”. Сетете се на некоја ситуација и одговорете.

Еве некој пример за како е во ред да биде комуникацијата со детето : “Гледам дека се лутиш кога нема да си играм во моментов со тебе. Во ред е да се лутиш, но јас сега сум зафатена со готвење.” Останете смирени кога детето е луто и внимавајте да не се повреди само, сфатете дека тоа е проблем на детето, не ваш и со безбедно изразување лутината ќе помине. Внимавајте на тонот и начинот на кој му се обраќате на детето, бидејќи тогаш овие зборови нема да значат ништо доколку тоа е со викање кон него.

Или

Гледам дека си разочаран/а кога ќе погрешиш. Во ред е да си разочаран/а, види каде си згрешил/а и обиди се да го повториш пак. ” Или може да го потенцирате напредокот, (дури и најмал) кој ќе го забележите: “Добро ти оди со пишувањето на буквите, добро напредуваш“.

Кога детето е луто, дозволете му да својата лутина да ја изрази на начин на кој не би повредил некој или оштететил нешто околу. Дозволите да удира на перница, агресивно да го шкрта цртежот, да го витка пластелинот итн. Кога детето е тажно и тоа има потреба да плаче како и вие кога се тажни и дозволете му со пуштање на гласот да се изнаплаче. Кога детето чувствува страв, разговарајте за стравот без да му велите: “Нема зошто да се плашиш”, дадете му поддршка и бидете присутни чекор позади охрабрувајќи го да се соочи со стравот.

Научете :

-Да ги препознаете                                                                         

-Да ги прифатите

-Да ги рефлектирате емоциите на детето

Со тоа безусловно го уважувате неговото постоење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *