Мама знае најдобро?

Една од најзначајните, најпредизвикувачките улоги во животот е улогата на родител. Да се биде родител значи да се развива психолошки особата заедно со сопственото дете. Во тој развој се согледуваме себе си како родител, сопствените очекувања, стравови, блокади, успешни методи на воспитување, несигурности итн.

Често читам за изразот “мама знае најдобро” и се подразмислив колку понекогаш навистина може да наштетува “љубовта” на мајката кон детето. Во што се можеме несвесно или свесно да ја пренасочиме. Како да имаме доживотно право врз детето да правиме од него што сакаме и како ние сакаме?  Ова почесто се случува во односот мајка-дете кога мајката како резултат на тоа што се “жртвувала” да го носи девет месеци детето, понатаму во воспитувањето знае што е најдобро за детето. Мајката секако знае што би било добро за своето дете, но често во воспитувањето се оди во крајност на тој начин што детето станува објект за обликување онака како сака мајката. А со ваквото воспитување детето нема право, ниту е свесно за да и противречи на мајката и неговите вистински, автентични  потреби се незадоволени и потиснати.

Кога мама вели да се јаде, тогаш мора да се јаде, кога мама вели мора цел оброк да се изеде тогаш мора се да се изеде, кога мама вели “ќе правиш јас како велам”, тоа така мора да се направи  и никако поинаку, кога мама вели “не е добро”, тогаш не е тоа добро и мора поинаку да се направи, кога мама дава да јаде директно во устата на детето, тоа мора да е “добро “иначе ќе се извалка, кога мама ми кажува опасно е да се качува по скали сам/а, тоа мора да е “добро” иначе ќе падне детето, кога мама вели “ти треба да си послушен/на”, тоа мора да е така, кога мама не дозволува да се лути детето, тоа мора да е така иначе ќотекот ќе се појави а и не е добро да се лути итн, итн, итн.

Чии потреби, уверувања, стравови задоволуваме- сопствените или на детето?…..

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *