Кога телото ми зборува, јас сум лута, а незнам зошто…
Кога телото ми зборува јас сум тажна, а незнам повторно зошто..
Кога телото ми зборува, јас чувствувам вознемиреност и незнам како си ја создадов.
Кога телото ми зборува: “Ме боли” јас упорно го напрегам.
Кога телото ми зборува дека е згрчено, јас веќе не си ја осеќам згрченоста.
Кога телото ми зборува: “Ми се гади”, јас повторно и повторно внесувам “отровна ” храна.
Кога телото ми зборува, јас често одам во тоалет и не знам зошто.
Кога телото ми зборува, јас го слушам кркорењето на цревата и го игнорирам.
Кога телото ми зборува, јас имам грутка во грлото и не ја ни забележувам.
Кога телото ми зборува, ги стискам во тупаница моите раце и ги држам стиснати или удирам во коленото на другиот или своето. И пак незнам зошто е тоа така.
Кога телото ми зборува, јас многу јадам и пак сум гладна и се прашувам како е тоа можно.
Кога телото ми зборува јас неможам да заспијам од толку гласно што ми зборува.
Кога телото ми зборува, често чувствувам главоболка.
Кога телото ми зборува, јас сепак одбивам да го слушам.
Кога телото ми зборува……(довршете)
П.С Дали вие го препознавате јазикот на кој говори вашето тело????
Инспирирано од мотивот што почесто да го слушаме нашето тело и најважно да го разбереме. Зошто нема физичко здравје, без телесно здравје и обратно.
