Колкупати сте се нашле во ситуација да сакате да направите промена ,но нешто како да ве враќа назад? Дури сте свесни за вашата несреќност, фрустрираност и сеуште не се помрднувате од место да поченете да превземате иницијатива за промена?
Подолу се неколку причини во кои верувам во некоја дека ќе се пронајдете:
- Промената е застрашувачка,непријатна во вашите очи. Потребно е сила, енергија да се вложува во новите нешта. Како деца повеќе ја имаме љубопитноста, флексибилноста, безгрижноста и немаме проценки за негативниот исход, но со возраста се повеќе ја губиме флексибилноста и сме фиксирани во модел кој нам ни е познат и тешко ни е да излеземе од него.

- Имате потреба да контролирате и не ја поднесувате неизвесноста. Нормално е егото да се бори и да се бори и да посакува истите работи да ги правите, но и на мозокот заради преживување. Вашиот мозок ги бара истите механизми на однесувања и сосема е во ред да се буни на нови, бидејќи за него тие се непознати.
- Се поставувате во улога на жртва,маченик. Оваа позиција во која дејствувате се водите по уверувањето “животот е тежок”, се што правите дополнително во истата област (пр.постојано работење, извршување на домашни обврски итн) повторно и повторно само дејствувате за да потоа се жалите дека ви е тешко. Тешко ви оди превземањето одговорност со превземените чекори кои ви се напознати.
- Страв од неуспех. Се плашите од промените, односно од последиците од неуспехот. Немате доволно самодоверба во себе да превземете акција , или не сте подготвени да превземете одговорност за своите последици, односно грешки, падови итн.
- Веројатно постојат и други работи зошто се спречувате кон промени, и затоа работата со психотерапевт ќе ви помогне да станете свесни и за своите обрасци кои не ви користат повеќе.
Како полесно да ја прифатите промената?
- Доколку промената за вас е застрашувачка, непријатна тоа е сосема во ред така да ја гледате, бидејќи во позадина стои страв од непознатото. Замислете се себе си во спротивна улога. Во улога на онаа особа која лесно ги прифаќа промените? Кои чекори ги користи за да ги прифаќа со леснотија, нека и каже на првата ти? Како оваа особа се чувствува? Како се справува со стравот?, На крај, се додека неизвесноста не ја прифатите секогаш ќе бидете под стегите на стравот,внатре во коцката. Наместо кон иднината и негативните исходи, фокусирајте се на: што ако ова добро би излегло за мене?
- Вашиот мозок ќе се буни на секоја промена. Тој тоа не го поднесува. И ок е. Ајде да му пристапиме како дете кое се буни. Дете кое одбива,вика, се бунтува. Вие сте родител и замислете имате ситуација во која вака се однесува детето. На кој начин ќе му пристапите? Ако му кажете :”ајде нема ништо ќе помине”, тешко дека ќе ви поверува. Ќе си продолжи по свое.” Ако му кажете :”Џабе се лутиш, нема да ти помине” ве фаќа поголем инат и не му попуштате. Повторно ништо. Повторно вришти и вришти и на крај ќе се измори од викање, но ќе биде пак незадоволно. Е сега кажете му : “Те слушам, викаш.Што ти е потребно?” Дајте го одговорот-“ми треба твое внимание, гушкање, смирување итн”. Доаѓаме до моментот “тука сум, те слуша, и знам што ти треба и ќе ти го дадам”. Во истиот момент нешто во нас се трансформира и полека анксиозноста се смалува. Тоа не значи дека стравот не постои, но вие правите чекор, дејствувате со стравот во нови дејствија. Кога овие чекори ќе ги направите 2,3 или 5 пати веќе усвојувате нови навики и излегувате од комфорот.

3. Како и за претходните стратегии сигурно ќе ви биде потребна поддршка од психотерапевт, така и за оваа која бара подлабока личносна работа на себе. Сепак можете да си одговорите на себе си: “Што добивате од таа позиција на жртва во која се држите?”
4. Која емоција ја избегнувате со стравот од неуспех? И што ако ја почувствувате? Запомнете: “Кој не пробува, не добива” . Бидете свесни дека колку повеќе избегнувате да ја направите акцијата, животот толку повеќе ве притиска и ве става во таа ситуација. Тоа можете веќе да си потврдите и себе си низ вашиот живот.
Верувам дека не е лесно во чекорот кон промената, али верувам во тоа дека секој од нас има право да почне да живее вистински живот, во донесена одлука сам/ма со себе.
За поддршка, тука сум ♥
