Дефинирај го сопствениот перфекционизам

Дефинирај го сопствениот перфекционизам со свои зборови. Напиши го одговорот.   Во твојот ум што содржи:

  •     перфектна работa
  •     перфектно пријателство
  •     перфектен љубовен партнер
  •     перфектно тело
  •      перфектна личност
  •      перфектно постигнување
  •      перфектен живитен стил
  •      перфектен живот?

Откако ќе одговорите, сега дадете одговор и на следниве прашања:

  • Како знаеш кога ќе постигнеш нешто перфектно?
  • Кои се твоите стандарди за тоа?
  • Какво е чувството кога се стремиш да го постигнеш перфектното? И какво е чувството кога делумно си го постигнал нештото?
  • Колкави се шансите/ каква е реалноста тоа да се исполни!

За крај, нацртајте си го вашиот перфекционизам!

Вашето дефинирање ќе ви помогне да стапите во контакт со вашиот перфекционизам и да согледате кои и колкави се ваши стандарди кон кои се стремите во животот. Ќе си увидите и каква е реалноста, дали е воопшто возможно да се биде перфектен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *