Го слушам моето тело

“Го слушам моето тело…тоа ми зборува гласно или тивко. Сепак одлучувам да го слушнам ”
Се што е живо пулсира. Пулсира срцето, внатрешните органи, мускулите, коските, очите, јазикот….Тоа значи живи се, полни со енергија. Кога сме тажни тоа е побавно, кога сме лути тоа е побрзо. Се си има зошто. Стресот прави дисбаланс на пулсирањето.
Телото секојдневно ни зборува, ни дава сигнали како му е, што му е потребно и затоа важно е да научиме да го чуеме. Што ми треба сега? Каква е мојата положба на телото? Што да направам за да се почувствува подобро? Затоа наутро почнето го денот со истегнувања и свесни дишења. Тоа ќе ви помогне да го подобрите пулсирањето на телото со тоа што ќе се исполните со позитивна енергија. А во текот на денот не заборавајте повторно да го чуете телото што му е потребно и повторно истегнете се и дишете. Дишете..дишете за да пулсирате позитивно.
Запомнете: Телото и умот се едно. Не постои здравје без добар ум, ниту здравје без добро тело. А телото ни говори многу за нашето здравје.
Затоа избирам да го чујам моето тело❤️

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *